Дома Останати Тенис Италијанскиот доктор ги откри зборовите на Ѓоковиќ кога донирал милион евра: Бев шокиран!

Италијанскиот доктор ги откри зборовите на Ѓоковиќ кога донирал милион евра: Бев шокиран!

Италијанскиот доктор кој од Новак Ѓоковиќ ја прими донацијата од милион евра за едно од жариштата на коронавирусот во Европа, Бергамо бил воодушевен од хуманиот потег на Ноле, но и неговите зборови.

Петер Асембергс, откри дека Ѓоковиќ донирал огромен износ за болниците Тревиљо-Каравиџо и Романо ди Ломбардија, кои се најмногу погодени од коронавирусот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој не ја наведе точната цифрка која Ѓоковиќ ја подарил онаму каде што е најпотребна. Подоцна е прецизирано дека се работи за милион евра, а сега тој откри што му кажал Ѓоковиќ кога го прашал дали сака да се знае колкав износ донирал.

„Признавам бев шокиран во тој момент. Да тоа е вистинскиот израз кој го имав по одговорот на прашањето дали сака да објавиме колку донирал: Искрено, мене не ми е важно дали тоа ќе го објавите и не мора да се знае дека нешто воопшто сум дал, а не пак колку. Освен, секако ако сметате дека објавувањето на таа информација ќе придонесе за придонесе за нови донатори“, ги откри докторот зборовите на Новак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега

На денешен ден, 2007 година, Рафаел Надал и Роџер Федерер го одиграа веројатно најчудниот …