Дома Фудбал Репрезентации Италија од Македонија ќе се брани со тандемот стопери Бастони – Ачерби?

Италија од Македонија ќе се брани со тандемот стопери Бастони – Ачерби?

Се поблиску е баражот за Светското првенство во кој Македонија в четврток ќе игра против Италија, а со оглед на проблемите кои ги имаат во одбраната најверојатно стоперскиот тандем на „Аѕурите“ за овој натпревар ќе го сочинуваат Алесандро Бастони и Франческо Ачерби.

Италијанците како и Македонија вчера се собраа за овој дуел и во наредните три дена ќе се работи со полна пареа за подобра припрема. Новинарот на РАИ, Алесандро Антинели очекува Манчини мечот со Македонија да го стартува со тандемот Бастони – Ачерби. Првиот тандем Киелини – Боучи нема настап повеќе од еден месец, вратени се од повреда, но наводно Манчини не сакал да ризикува и сака да ги чува свежи за финалето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Очекувам Ачерби и Бастони да започнат, тоа е пресметан ризик со цел да се добие на в реме за подобро закрепнување на Киелини и Бонучи за финалето“, изјави Алтинели.

За разлика од одбраната во средниот ред не се очекуваат промени и Италија ќе игра со Жоргињо, Барел и Верати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Четири срамни податоци за дебаклот на Манчестер Јунајтед

Избраниците на Ерик тен Хаг забележаа срамен пораз во Лондон од Кристал Палас со резултат …