Дома Фудбал Останато Истражување на Швајцарците: Реал Мадрид ги има најверните играчи

Истражување на Швајцарците: Реал Мадрид ги има најверните играчи

Швајцарскиот независен институт за фудбалска статистика и истражување (CIES) анализираше кои клубови ги имаат најверните играчи.

Истражувањето се заосновало на годините кои играчите ги поминувале во сегашните клубови.

Лидер е актуелниот европски шампион Реал Мадрид. Играчите кои денес го носат дресот на овој клуб имат просек од 5.84 години, а најдолг стаж во Мадрид имаат Серхио Рамос, Марсело и Карим Бензема.

На второто место е големиот ривал на „кралевите“ од шпанското првенство – Барселона. Каталонците имаат просек од 5.36 години.

Потоа следуваат: Баерн Минхен (5.26), Викторија Плзен (4.28), Селтик (4.25), Атлетико Мадрид (4.17), Шахтјор (4.02), Тотенхем (3.89), Матезбург (3.86) и Атлетико Билбао (3.80).

Негативниот лидер во просек на годините кои сегашните играчи ги поминувале во клубот е хрватска Истре со просек од само 0.15.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Англискиот фудбал ќе биде во хаос по ова признание (Видео)

По големиот спор што се појави по дербито меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, стигна…