Дома Топ вести Испратиле жалба: Шпански клуб бара Ла Лига да биде стопирана!

Испратиле жалба: Шпански клуб бара Ла Лига да биде стопирана!

Шпанскиот прволигаш Кадиз побара да се стопира сезоната во Ла Лига додека не се реши ситуацијата со големата грешка на нивна штета.

Против Елче, Кадиз имаше предност, а во завршницата на гостите им беше признат гол, иако имало офсајд. Офсајдот не го забележиле ниту судиите на теренот, ниту од ВАР собата. Од клубот истакнаа дека е испратена жалба до Шпанската фудбалска федерација, меѓутоа таа жалба им беше одбиена.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Објаснувањето од Ла Лига е дека не е можно резултатот од натпреварот да се поништи. Барањето на Кадиз беше да се поништи голот на Елче и да се доиграат тие последни девет минути.

Клубот не се откажа и нивното барање привремено да се стопира лигата за случајот да се реши сега е прегрлено на Спортскиот арбитражен суд во Лозана. Кадиз се наоѓа на 16-тата позиција во Примера со два бода над опасната зона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…