Дома Фудбал Испишана е историјата на фудбалот! Момче на 14 години го собори рекордот и стана најмладиот играч досега!

Испишана е историјата на фудбалот! Момче на 14 години го собори рекордот и стана најмладиот играч досега!

Од Америка ни пристигнуваат малку нереални вести, поточно од тамошната МЛС и тимот на Филаделфија Унион. Каван Саливан стана најмладиот фудбалер во историјата на шампионатот, влегувајќи на теренот со 14 години и 293 дена!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот човек од овој град во Пенсилванија е некој за кој се зборува во последната година, па од почетокот на годината одигра десет натпревари за Б тимот и постигна два гола.

Сега тренерот Џим Кертин му даде голема шанса, па доби шанса пет минути плус прекини во натпреварот со Њу Ингланд Револушн (5:1).

Филаделфија победи со 5:1, а ќе остане запаметено дека Саливан го собори рекордот на славниот Фреди Аду, некогаш голем талент кој го паметат сите љубители на играта „Фудбал Менаџер“.

На крајот од кариерата играше дури и за Јагодина, а претходниот рекорд го држеше од 2004 година и дебито во опрема на ДЦ Јунајтед.

Инаку, Саливан е веќе договорен како нов играч на Манчестер Сити од моментот кога ќе наполни 18 години, но во случај на побрз развој и напредок би можел порано да замине во Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Каде е Меси, нека биде и тој во ВАР-собата“: Објавата на ФИФА предизвика хаос на мрежите, ја видоа повеќе од 30 милиони луѓе

ФИФА ги објави судиите за дуелот помеѓу Франција и Мароко, а одлуката сите арбитри да бида…