Дома Фудбал Италија Искри во Јувентус: Бонучи кон Квардадо – замолчи! ?

Искри во Јувентус: Бонучи кон Квардадо – замолчи! ?

Jувентус во неделата против Лацио одигра 1:1, „старата дама“ водеше се до последните моменти од мечот кога Каиседо го израмни резултатот и донесе бод за својот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од почетокот на сезоната на Пирло не му оди баш најдобро, Јувентус игра со многу осциплаци и изгледа како тимот да се бара себе си. Такво нешто до некаде може да биде и разбирливо затоа што ова е прва сезона за Пирло како тренер и сигурно има уште многу да учи. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите во наредниот период.

Еден од оние кои често во последно време е критикуван е Леонардо Бонучи. Против Лацио Бонучи направи потег кој предизвика коментари на социјалните мрежи.

Имено, во текот на една акција Квардадо викаше по Бонучи да му ја додаде топката, а Бонучи се реши да додава до Данило и тоа го направи непрецизно. По оваа негова грешка стоперот кон Квардадо направи гестикулација да „замолчи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Водителка во емисија објави дека таткото на Меси починал, па даде оставка (Видео)

Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, го обележа првото коло од Светс…