Долго време се шпекулираше со иднината на Иско, а сега конечно дојде крај на сагата. Шпанскиот репрезентативец ќе потпише нов договор и ќе се обврзи на верност со Реал Мадрид до 2022 година, пренесува „Марка“.
Сегашниот договор на Иско истекува во 2018 година, а со новиот договор тој ќе заработува двојно поголема плата, односно 6 милиони евра по сезона.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Така Иско ќе биде во кругот на најплатени фудбалери на „Сантиаго Бернабеу“, а пред него според примањата ќе бидат најголемите ѕвезди на тимот Роналдо, Бејл, Бензема, Модриќ, Крос и Серхио Рамос.
Isco 'to sign new deal until 2022' despite interest from Premier League clubs and Juventus https://t.co/xnQXHpsw57 pic.twitter.com/2GRX3zIzg2
— MailOnline Sport (@MailSport) April 25, 2017
На овој начин завршена „сапуницата“ околу тоа каде ќе ја продолжи кариерата, а медиумите на големо пишуваа дека може да направи сензационален трансфер во Барселона.
Иско оваа сезона за „кралскиот“ клуб одигра 35 натпревари, но повеќето од нив ги започна од клупата за резерви.