Кајри Ирвинг е еден од кошаркарите во НБА-лигата кои одбиват да се вакцинираат, а навивачите и раководството на Бруклин нетс не се задоволни затоа што нема да може да сметаат на еден од најдобрите кошаркари.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ирвинг не попушти за разлика од останатите негови колеги, па преку социјалните мрежи испрати порака и јасно порача дека нема теоретски шанси да се вакцинира против ковид-19.




„Заштитен сум од Бог, а исто така од мојот народ. Стоиме заедно“, напиша Ирвинг, а неговиот твит предизвика голем број реакции, а најголем дел од навивачите му советуваат да се вакцинира затоа што неговото однесување било неодговорно.
I am protected by God and so are my people. We stand together.
— A11Even (@KyrieIrving) October 9, 2021