Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Иран го нокаутира Велс во судиското продолжение

Иран го нокаутира Велс во судиското продолжение

Иран запиша голема победа над Велс од 2:0 и ги направи работите во групата исклучително интересни во пресрет на третото коло.

Велс влезе како фаворит во овој дуел, но Иран од самиот старт покажа дека не е дојден со кренато бело знаме. Иранците во 15-та минута постигнаа гол, кој беше поништен поради офсајд.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


До крајот на полувремето гледавме израмнет дуел, без големи шанси  на двете страни и без голови.

Во вториот дел Иран беше подобар противник, ја контролираше играта, додека Велс спорадично се закануваше поради контранапади.

Во 86-та минута го видовме првиот црвен картон на Мундијалот, кога голманот на Велс Хенеси остро стартуваше надвор од казнетиот простор над Тереми.

Во последната минута од судиското продолжение Иран конечно успеа да ја искористи бројчаната предност со фантастичниот гол на Чешми од триесетина метри, а во 100-та минута Резајан ги постави конечните 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Минусот на Челси се мери во милијарди, летниот трансфер период – невозможна мисија!

Челси, откако новите сопственици го заменија Роман Абрамович, стана најголемиот потрошувач…