Дома Топ вести Интер спрема чистка: Јоветиќ и Кондогбија ги предводат „отпишаните“

Интер спрема чистка: Јоветиќ и Кондогбија ги предводат „отпишаните“

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер спрема чистка во јануарскиот преоден рок и дека на 5 или 6 фудбалери ќе им биде отворена излезната врата.

Според пишувањето на „Газета дело Спорт“ предводник на оваа листа на „отпишани“ е Жефри Кондогбија. Иако пристигна како големо засилување минатото лето за 40 милиони евра, сепак Французинот не ги оправда очекувањата, па раководството му ја отвори излезната врата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Нероаѕурите“ сакаат да се ослободат и од неговата голема плата, па се спремни да го продадат Кондогбија за сума од 20 милиони евра.

Покрај Кондогбија на излезна врата се наоѓаат и Стеван Јоветиќ, Давиде Сантон, Филипе Мело, Џонатан Бијабијани и Родриго Паласио.

Мело, Палсио и Бијабијани добиваат мала минутажа оваа сезона и се вишок во тимот на Пиоли, па Интер е спремен да ги пишти без обештетување.

Ситуацијата со Јоветиќ е комплексна бидејќи „нероаѕурите“ за неговиот потпис му платија на Сити 14,5 милиони евра, па со неговата продажба сакаат да вратат барем дел од овие пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Атлетико Мадрид се засилува од Реал

За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и „кралевите“ му порачале дека на лето мо…