Интер наводно ќе мора да издвои 30 милиони евра доколку сака да го осигура трансферот на играчот на Удинезе, Родриго де Паул во јануари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според пишувањата на порталот Калочомеркато, Интер и натаму е заинтересиран за Де Паул, кој, од друга страна, не е недопирлив во Удинезе, односно клубот од Удине е спремен да преговара за негова продажба.
„Можеби ќе имаме проблеми во јануари, Удинезе е клуб кој не може да ги задржи играчите ако стигнат богати понуди.“ – призна спортскиот директор на Удинезе, Перпаоло Марино во разговор за Радио 24.
Италијанците веруваат дека минимумот на кој Удине ќе се согласи да го продаде Де Паул е 30 милиони евра, а Интер би можел да ја намали цената на трансферот единствено ако вклучат некој свој играч.
Аргентинецот оваа сезона одигра 10 натпревари за Удинезе во сите натпреварувања, постигна еден гол и запиша две асистенции.