Фудбалерите на Интер вчера го победија СПАЛ на домашен терен со 2:0 во рамките на 27. коло од италијанскиот шампионат.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тие на тој начин ја задржаа четвртата позиција која следната сезона води во ЛШ, но победата ја платија скапо.
Имено, во редовите на Нероаѕурите се повредија два фудбалери и тоа Брозовиќ и Миранда.
Миранда го повреди носот, додека Брозовиќ има мускулна повреда.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, и двајцата се неизвесни за следниот натпревар против Ајнтрахт во Лига Европа, но и против Милан во големото дерби следниот викенд.