Дома Фудбал Италија Интер се „крсти“ во Барселона: Трансферот на Кутињо од големо значење за италијанскиот гигант

Интер се „крсти“ во Барселона: Трансферот на Кутињо од големо значење за италијанскиот гигант

Кутињо изминатово лето беше на мета на Барселона, но каталонскиот клуб не успеа да го донесе и покрај тоа што се обиде со сите сили.

Сепак, на „Ноу Камп“ не сакаат да се октажат и токму бразилскиот фудбалер е нивната најголема мета во јануарскиот преоден рок.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Барселона е подготвена да плати околу 160 милиони евра за Кутињо, со тоа што 30 милиони би биле платени преку бонуси. Но, Ливерпул не сака така лесно да го пушти еден од најдобрите играчи.

Меѓутоа, трансферот на Кутињо, освен навивачите на Барселона, сигурно ќе го израдува и Интер. Имено, доколку Кутињо замине во Барселона за споменатата цифра, италијанскиот клуб ќе заработи околу 3 милиони евра.

Кутињо во Интер пристигна во 2008. година за помалку од 4 милиони евра, а во Ливерпул премина пет години подоцна за скромни 13 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…