Дома Фудбал Италија Интер падна во Болоња, Милан останува лидер

Интер падна во Болоња, Милан останува лидер

Интер пропушти шпанса да се искачи на врвот на табелата и доживеа изненадувачки пораз во Болоња (2:1).

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мечот почна одлично за „нероаѕурите“ и уште во 5-та минута дојдоа до водство со голот на Перишиќ.

Болоња се ослободи од почетниот шок и во 28-та минута дојде до израмнување со голот на Арнаутовиќ.

Во второто полувреме Интер се обидуваше да дојде до победа, но следуваше вистинско шок  во 82-та минута кога голманот Раду направи кардинална грешка и Сансоне погоди за победа од 2:1.

Сега Милан останува лидер на табелата со два бода повеќе на четири кола до крајот, а со ист број бодови шампиони ќе бидат „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ ја освои Европа, но бројката што ја заработи Арсенал никого не остави рамнодушен

Финалето на Лигата на шампионите уште еднаш покажа зошто се смета за највредното клубско н…