Дома Фудбал Англија Интер и Јунајтед во преговори за Алексис Санчез

Интер и Јунајтед во преговори за Алексис Санчез

Алексис Санчез оваа сезона е на позајмица од Манчестер Јунајтед во Интер, но поради повреда не се изнаигра многу.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, во Интер се задоволни од прикажаното па сака да ја продолжи неговата позајмица од Јунајтед.

Интер нема опција да го откупи неговиот договор, но со оглед на тоа дека позајмицата му истекува на 30. јуни, започнаа преговори за продолжување на договорот до крајот на сезоната.

Останува да видиме дали Јунајтед ќе се согласи на тоа, бидејќи и тие се наоѓаат во слична ситуација околу обидот да ја продолжат позајмицата на Игало.

Исто така, се поставува прашањето дали Интер ќе продолжи да ја плаќа истата сума или ќе мора да ја плаќа целата плата на Алексис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато зошто Инкапие доби црвен картон: Применето ново правило, видено само еднаш (Видео)

Одбранбениот играч на Еквадор, Пијеро Инкапие, доби директен црвен картон во завршницата н…