Дома Фудбал Интер е нов лидер во Серија А! (ВИДЕО)

Интер е нов лидер во Серија А! (ВИДЕО)

Интер го искористи киксот на Јувентус, па славеше со 2-1 против СПАЛ и така се искачи на првото место во италијанската Серија А.

Лаутаро Мартинез донесе водство за „нераѕурите“ во 16. минута, а во 41. минута зголеми на 2-0. Во 50. минута Валоти намали на 1-2, па се обидоа гостите да стигнат и до бод, но не успеаа во својата намера.

Милан славеше со погодокот на Тео Ернандез во 88. минута, кога искористи голема грешка на одбраната на Парма и така „росонерите“ ја прекинаа серијата без победа.

На останатите натпревари Лацио славеше против Удинезе со 3-0, а Јувентус одигра 2-2 против Сасуоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Емери го посакува Гави, но Барселона не сака да слушне за продажба

Астон Вила ја разгледува можноста да го доведе Гави, но неговиот договор до 2030 година и …