Примарна цел на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец кој ќе го замени Милан Скриниар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Нероаѕурите“ веќе ја почнаа потрагата, а најново име на списокот е дефанзивецот на Челзи, Тревор Чалоба.
Чалоба е младински репрезентативец на Англија, може да игра на повеќе позиции во одбраната и поради тоа е голема желба на миланскиот гигат.
Челзи веќе ги доведе Фофана и Бадијачиле, па минутажата на Чалоба значително се намали е поради тоа е спремен да го пушти дефанзивецот.
Интер ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Англичанецот силен интерес покажува и Милан. Цената на Чалоба во моментов изнесува помеѓу 20 и 25 милиони евра.