Дома Фудбал Иниеста предупредува: Разликата со Реал е голема, но…

Иниеста предупредува: Разликата со Реал е голема, но…

Ѕвездата на Барселона и шпанската репрезентација, Андрес Иниеста предупредува дека Реал Мадрид не треба да биде отпишан од трката за титулата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Европскиот и светски шампион заостанува цели 14 бода зад Каталонците, но искусниот Иниеста се уште не ги отпишува „кралевите“.

„Има уште многу време до крајот на сезона, ова е фудбал. Разликата во моментов е навистина голема, но многу пати сме гледале историски пресврти. Не треба да правиме грешки и да дозволиме да ја намалат разликата. Најважно во моментов е што се чувствуваме задоволени“, изјави Иниеста, кој призна дека разликата на табелата не ја отсликува реалната слика во квалитет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хари Кејн го напушта Баерн и се приклучува на еден од најсилните клубови во светот!

Според пишувањата на Ел Насионал, Хари Кејн многу лесно ова лето може да го напушти минхен…