Тренерот на Интер Симоне Инзаги истакна дека е задоволен од она што го прикажал неговиот тим против Милан во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Интер како гостин го победи градскиот ривал Милан со 2:0. Во осмата минута Џеко го отвори резултатот, а само три минути подоцна Микхтаријан го постави конечниот резултат.
„Многу сум задоволен, првото полувреме беше интезнивно, можевме да постигнем и повеќе од два гола. Беше одличен натпревар, сепак знаеме дека ова е само прв натпревар. Во реваншот ќе ја имаме поддршката од нашите играчи и мораме да вложиме напор да го оствариме нашиот сон“, изјави Инзаги.
Сезонава Интер го победи Милан во три различни натпреварувања, Лигата на шампионите, Серија А и Суперкупот на Италија, а во сите три натпреварувања не прими гол.
„Момците гхо поркија секој дел од теренот. Си помагаа еден на друг. Знаеме дека се уште ништо не е готово“, додаде стратегот на „нероаѕурите“.