Дома Македонски спорт Изненадување: Фенербахче ја прекинува позајмицата на Алиоски!

Изненадување: Фенербахче ја прекинува позајмицата на Алиоски!

Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски нема да настапува за Фенербахче и во вториот дел од сезоната откако турскиот гигант донел одлука предвреме да ја прекине соработката.

Во редовите на Фенербахче, Алиоски пристигна од саудискиот клуб Ал Ахли и може да се каже дека играше сосема добро на натпреварите на кои добиваше шанса.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се појавија и информации дека Фенербахче ќе го откупи неговиот договор, но тоа не само што нема да се случи туку и предвреме сакаат да го раскинат договорот.

Медиумите во Турција објавуваат дека разговорите на оваа тема се започнати и се очекува Фенербахче наскоро да се договори со Ал Ахли, па саудискиот клуб ќе бара нова дестинација за Алиоски.

Наводно, причината за ваквиот пресврт е желбата на тренерот Жесус да го доведе Дејли Блинд кој остана без клуб по раскинувањето на договорот со Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…