Дома Фудбал Останато Изненадување: Мурињо може да биде наследен од негов помлад сонародник?

Изненадување: Мурињо може да биде наследен од негов помлад сонародник?

mourinho

Жозе Мурињо не ја започна најдобро сезоната за која и самиот во текот на летото незадоволен од лошо одработениот преоден рок тврдеше дека ќе биде тешка.

Секако, кога клубот не игра како што се очекува прв на удар е тренерот, па таков е случајот и со Мурињо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите на Островот веќе подолго време пишуваат дека доколку Јунајтед не започне да игра како што се очекува од таков клуб и бележи позитивни резултати, на Мурињо набрзо би му била покажана излезната врата.

Прв фаворит е човекот кој со Реал Мадрид освои три титули во низа во Лигата на шампионите, Зинедин Зидан, кој во овој момент е без ангажман, но на Островот се појави и информација дека постои алтернативно решение.

Како алтернативно решение наводно е означен стратегот на тимот на Вулверхемптон, Нуно Еспирто Санто.

Санто во минатата сезона имаше одлични резултати и со овој клуб освојувач на Чемпионшип се пласираше помеѓу најдобрите во Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…