Дома Фудбал Изненадување во германските медиуми: Баерн го менува тренерот на крајот од сезоната!

Изненадување во германските медиуми: Баерн го менува тренерот на крајот од сезоната!

Хрватскиот стратег, Нико Ковач би можел да го напушти Баерн после само една сезона на клупата на германскиот гигант тврдат германските медиуми.

Така барем тврди германскиот „СПОХ“ кој ја објави ексклузивната вест, а потоа истата започна да се пренесува и во други медиуми.

Иако, Нико Ковач би можел да го одведе Баерн до двојна круна во Германија тоа нема да го спаси и наводно раководството на тимот веќе донело одлука за негов отказ.

Веќе е познато и името на човекот кој е фаворит за негов наследник. Ако Ковач замине него наводно ќе наследи актуелниот тренер на холандскиот ПСВ, Марк Ван Бомел.

Баерн првобитно се обидел да отвори преговори со тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг. Но, овој стратег одлучил да остане на кормилото на клубот од Амстердам после фантастичната сезона во која со Ајакс освои двојна круна во Холандија и стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…