Дома Фудбал Италија Игуаин спасител: „Старата дама“ се спаси од пораз со гол во продолжението

Игуаин спасител: „Старата дама“ се спаси од пораз со гол во продолжението

Шампионот и лидер во Серија А, екипата на Јувентус синоќа во градското дерби со Торино се спаси од пораз благодарение на голот на Гонзало Игуаин постигнат во втората минута од судиското надополнување.

Претходно, во 52.минута Адем Љајиќ го отвори резултатот со прекрасен гол од слободен удар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во последните три рунди на Јувентус му е потребен само еден бод за да ја одбрани шампионската титула.

На првиот синоќешен дуел Наполи – Каљари 3:1.

Другите натпревари од 35.коло на програмата се денес:
Удинезе – Аталанта,
Емполи – Болоња,
Пескара – Кротоне,
Сасуоло – Фиорентина,
Џенова – Интер,
Киево – Палермо,
Лацио – Сампдорија и
Милан Рома.

Табела: Јувентус 85 бода, Наполи 77, Рома 75, Лацио 67, Аталанта 64, Милан 59, Интер 56, Фиорентина 55

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…