Медиумите на Островот пренесуваат вести кои ќе ги израдуваат навивачите на Манчестер Јунајтед.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Веста која ги израдува навивачите на „црвените ѓаволи“ ја пренесе „Мирор“, а таа гласи – Маркус Рашфорд наскоро ќе потпише нов договор!
Рашфорд има 21 година и според новиот договор би требало да заработува 150.000 (двојно повеќе од актуелниот) фунти неделно.
Овој фудбалер под водство на Мурињо имаше мали проблеми, како и уште неколку фудбалери, но откако во клубот пристигна Оле Гунар Солскјер влезе во одлична форма. Рашфрод на шест натпревари под водство на Солскјер постигна четири погодоци.
Актуелниот договор на Рашфорд има важност уште 18 месеци, а информации за времетраењето на новиот засега не се откриваат.
https://www.youtube.com/watch?v=KpJ_Gjigzxw