Дома Фудбал Англија „Играчите со диктатор како Мурињо се однесуваат како овци“

„Играчите со диктатор како Мурињо се однесуваат како овци“

Поранешниот фудбалер на Ливерпул Стен Колмор го нарече Жозе Мурињо диктатор.

Колмор денес работи како колумнист за „Дејли Мирор“ и во својата последна колумна го нападна Португалецот поради неговиот однос кон Деле Али.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„За Деле Али тоа што беше изоставен за мечот со Шефилд поради Жадсон Фернандес е навреда. Тој може да биде многу повеќе, но не е лош професионалец. Можете да кажете дека не се вклопил или дека е мрзлив на тренинг. Меѓутоа ако мислите некој кој бил сериозен играч во најдобриот тим на Спарси во последните неколку генерации да биде зад некој кој не направил апсолутно ништо за тој тим тогаш не сте на добар пат“.

„Без оглед што играчите се однесуваат како овци кога се соочуваат со диктатор како него никогаш не забораваат. Затоа на Мурињо му е подобро да победува“, заклучи поранешниот играч на „црвените“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…