Популарното „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид еднаш беше одложено, а на една недела пред почетокот никој не се осмелува да им гарантира безбедност на фудбалерите на „кралскиот“ клуб во каталонската престолнина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Локалната каталонска власт уште нема дадено никаков став за натпреварот, а Реал Мадрид остануваат на планот нивниот хотел да биде на само 800 метри од „Ноу Камп“, а исто така не планираат да преноќат во градот – мечот треба да почне во 20 часот и тие планираат да дојдат и да заминат во ист ден.
За полицијата најкритично би било движењето на фудбалерите на Реал од аеродромот во Барселона до хотелот, а потоа и од хотелот до „Камп Ноу“.
Поради тоа „кралскиот“ клуб одлучи играчите на Реал Мадрид да не излегуваат од авион ако не им биде гарантирана безбедноста во Барселона.
Ова е сосема очекувана реакција на Реал, па сигурно дека во наредните денови повторно ќе има тензии на релација Мадрид – Барселона.
? ¡OJO! El Madrid no se bajará ni del avión si no tiene la seguridad garantizada.
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) December 12, 2019
? Información de @jfelixdiaz desvelada en @elchiringuitotv. #JUGONES pic.twitter.com/TPLJL2wUuI