Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ по двата гола против Болоња испрати кратка и јасна порака

Ибрахимовиќ по двата гола против Болоња испрати кратка и јасна порака

Фудбалерите на Милан вчера на свој терен ја совладаа Болоња со 2:0 во натпревар од првото коло во Серија А.

„Росонерите“ со победа успеаа да ја отворат новата сезона во Серија А, а на „Сан Сиро“ повторно блескаше Златан Ибрахимовиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач ги постигна двата гола во вчерашниот натпревар и покажа дека се уште има што да покаже иако наскоро ќе го прослави својот 39 роденден.

После натпреварот објави своја фотографија на Инстаграм со краток, но јасен опис: Бенџамин Батон. Тоа е филмски лик кој е роден како старец, а како што времето поминува станува се помлад и јасно е што Ибра сакаше да порача.

View this post on Instagram

Benjamin Button

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…