Милан против Јувентус го запиша првиот лигашки пораз во сезоната, а прилика да се вратат на победничките патеки „росонерите“ ќе имаат вечерва кога ќе го пречекаат Торино.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Стефано Пиоли го соопшти списокот на повикани играчи, навивачите на Милан сигурно ги радува тоа што Златан Ибрахимовиќ се најде на списокот.
Ибрахимовиќ ќе конкурира за вечерашниот дуел, но прашање е дали ќе игра од почетокот. Швеѓанецот последниот натпревар оваа сезона за Милан го одигра уште на 22. ноември. Ќе видиме дали вечерва ќе добие минути на теренот.