Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ донел одлука за својата иднина!

Ибрахимовиќ донел одлука за својата иднина!

По тешката сезона Златан Ибрахимовиќ имаше операција на коленото поради која нема да може да игра околу осум месеци.

Се најавуваше дека ќе стави крај на кариерата, што е многу реална опција на негова возраст, но Златан Ибрахимовиќ сака да го продолжи договорот со Милан на една сезона и наскоро ќе се сретне со клупските челници за да разгледаат детали за новиот договор, објавуваат италијанските медиуми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И во овие услови, челниците на Милан се подготвени да му понудат нов договор, за соблекувалната на Росонерите да продолжи да го користи искуството на фудбалери од калибарот на Ибрахимовиќ кои им помогнаа да го освојат Скудетото.

Сепак, Ибрахимовиќ ќе има многу помала плата од досегашната (седум милиони евра нето по сезона), а таа ќе биде променлива во зависност од одиграните натпревари.

Златан Ибрахимовиќ по пензионирањето ќе ја преземе улогата на амбасадор на Милан, но се чини дека пензијата се уште нема да стигне иако во октомври ќе наполни 41 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…