Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ во шок призна: Никој не ми кажува ништо!

Ибрахимовиќ во шок призна: Никој не ми кажува ништо!

Златан Ибрахимовиќ беше изненаден откако синоќа после натпреварот против Сасуоло му беше соопштено дека Стефано Пиоли останува тренер на Милан.

Раководството на клубот одлучи после одличните партии да ја продолжи соработката со Пиоли на уште две години, а во исто време да го раскине договорот со Ралф Рангник.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изразот на лицето на Ибра откако ја слушна веста го обиколи светот, а Златан тврди дека ништо не знаел.

„Не знаев. Па, овде секој ден има нешто ново.“ – изјави Ибра и потоа одговори на прашањето дали останува во клубот.

„Овде ми останаа уште три натпревари и 10 денови. Никој ништо не ми кажува, а ништо и не очекувам.“ – додаде Ибра.

Златан постигна два гола против Сасуоло и уште еднаш потврди дека и во 39. година од животот игра феноменално.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Убава приказна од Италија: Фабрегас со Комо пред промоција во Серија А!

Eдна убава приказна која ја води славниот Сеск Фабрегас може да биде испишана во вториот р…