Mу олесна на Стефано Пиоли, но и на сите навивачите на Милан бидејќи Златан Ибрахимовиќ дресот на „росонерите“ ќе го носи и следната сезона.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Со завршувањето на сезоната на Ибрахимовиќ му истече повеќемеечниот договор, а преговорите кои траеа неколку недели се завршени на меѓусебно задоволство.
Швеѓанецот со босански корени со Милан се договори на едногодишна соработка. За тој период според информациите од Апенините ќе заработи седум милиони евра.
Ибрахимовиќ се одлучил и да го промени бројот на дресот. Во првиот негов мандат тој носеше 11-ка, минатата сезона 21, додека во новата сезона на неговиот грб ќе стои 9-ка.
Инаку Ибрахимовиќ во втората полусезона 2019/20 во сресот на Милан на 20 натпревари успеа да постигне 11 голови и покажа дека се уште може да игра на највисоко ниво.