Дома Фудбал Италија Ибра не размислува за пензија: Докажав дека годините не се важни

Ибра не размислува за пензија: Докажав дека годините не се важни

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ во четвртокот официјално го продолжи договорот со екипата на Милан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Челниците на клубот од Сан Сито му понудија договор на Ибра до летото 2022. година, а тој го прифати и порача дека се уште е рано да замине во пензија.

Искусниот напаѓач во октомври ќе го прослави својот 40. роденден, но се уште игра во врвна форма и ќе продолжи да настапува во Серија А.

Откако го потпиша новиот договор со Росонерите порача дека годините се само број.

„Сигурен сум дека реакцијата на навивачите ќе биде добра. Дури и некој ако се сомневаше кога дојдов мислам дека покажав дека годините не се важни. Се е во менталитетот. Секогаш закав да се докажам и да го дадам најдоброто од себе. Се чувствувам одлично физички и можам и натаму да ги работам работите кои најдобро ги знам.“ – рече Ибра.

Ибра во дресот на Милан одигра 130 натпревари и постигна 84 погодоци. Во досегашниот дел на сезоната одигра 25 натпревари во сите натпреварувања и постигна 17 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Moдриќ е пред заминување од Милан, познато и каде може да продолжи!

Навивачите на Милан си замислуваа различен крај. Можеби почесниот круг околу “Сан Си…