Дома Топ вести Зошто Манчестер Јунајтед ја одби спектакуларната трампа со ПСЖ?

Зошто Манчестер Јунајтед ја одби спектакуларната трампа со ПСЖ?

Раководните луѓе на ПСЖ ги контактирале колегите од Манчестер Јунајтед, за да му предложат директна размена на незадоволните ѕвезеди во двата тима, Пол Погба и Нејмар.

Оваа бомбастична информација ја пласираше „Индепендент“, кој додава дека од „Олд Трафорд“ веднаш го отфрлиле педлогот. Сега се откриени и двете главни причини зошто „црвените ѓаволи“ ја одбиле трампата.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Прво во Јунајтед сметаат дека зделката ќе биде многу скапа за клубот поради високата плата на Нејмар. Бразилецот неделно заработува 900.000 фунти, што е скоро двојно повеќе од највисоката плата на „Олд Трафорд“.

Втората причина е што извршниот директор на клубот, Ед Вудворд се уште смета дека ќе може да го убеди Погба да остане на „Олд Трафорд“.

Бразилецот сака по секоја цена да го напушти ПСЖ ова лето, а како најверојатна дестинација се наведува Барселона, која исто така е заинтересирана да го врати во своите редови.

Што се однесува пак до Погба, јавно истакна дека е спремен за нов предизвик, но Јунајтед нема да го пушти додека некој клуб не плати 150 милиони евра. За него силен интерес покажуваат Реал Мадрид и Јувентус, но не се спремни да ја платат таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…