Новак Ѓоковиќ вчера успеа да го совлада Роџер Федерер во финалето на Вимблдон.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Првиот рекет во светот триумфираше во епски меч после пет сета и пета часа игра. Роџер Федерер во 16-тиот гејм од петиот сет имаше и две меч топки на свој сервис, но не ги искористи Ѓоковиќ успеа да се врати и да победи.
Ѓоковиќ секогаш кога ќе го освои Вимблдон јаде трева, тоа го направи и овој пат.
Зошто?
„Како дете сонував да го освојам Вимблдон и тоа уште тогаш ми беше желба да го направам кога ќе победам во финалето“, објасни Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер тоа го направи и во 2011 година кога прв пат го освои овој грен слем турнир, а потоа и во 2014, 2015, 2018 и вчера.