Дома Фудбал Зошто Ел Класико почнува вечерва, а завршува утре?

Зошто Ел Класико почнува вечерва, а завршува утре?

После поразот на првиот натпревар Барселона вечерва ќе се обиде да ја анулира предноста од два гола на Реал Мадрид и да го освои шпанскиот Суперкуп. Многу фанови се побунија што натпреварот во Мадрид ќе се игра во 23:00 часот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Познато е дека за време на натпреварите на Лига на шампиони не смее да се играат натпревари од останатите лиги, што е регулирано со договор помеѓу УЕФА и националните сојузи. Со тоа УЕФА сака да осигура максимална застапеност на своите натпревари во ТВ преносите.

Меѓутоа, не се држат сите до тоа правило. Англискиот фудбалски сојуз веќе со години го прекршува договорот и на многу телевизиски куќи им прави проблеми.

Неодамна натпреварот од Премиер лигата помеѓу Стоук и Манчестер Сити се играше во исто време кога и натпреварите од ЛШ, додека натпреварот од Примера помеѓу Валенсија и Реал Мадрид мораше да се игра во 18:45 часот.

Вечерва покрај Ел Класико се играат и натпреварот од плеј-офот во ЛШ помеѓу Севиља и Башакшекир, па дуелот помеѓу Реал и Барса поради ТВ преносите мораше да се одигра или во 18 часот, или во 23 часот, што на крајот беше прифатено како најдобро решение.

Во случај вечерашниот натпревар на „Сантиаго Бернабеу“ да замине на продолженија или пенали, на навивачите ќе им биде осигуран јавен превоз. Градското собрание на Мадрид се погрижи метрото во главниот град да биде отворено до два часот наутро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо одговори на провокациите од навивачите на Ал-Ахли (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, не само поради своите фудбалск…