Дома Фудбал Англија Зошто Арнолд носи „66-ка“? Еве го објаснувањето

Зошто Арнолд носи „66-ка“? Еве го објаснувањето

Tрент Александар Арнолд веќе запиша 84 настапи во дресот на Ливерпул, а тој е играч кој од 16 години па нагоре ги помина сите младински категории на селекцијата на Англија, од 2018 година настапува за сениорскиот тим. Она што е малку чудно е неговиот број во Ливерпул, „66“.

Сега кординатор-менаџерот за клупските дресови на Ливерпул Ли Редклајф објасни зошто Арнолд носи толку висок број. Арнолд потекнува од академијата „Киркби“ која е дел од Ливерпул. Тој бил означен како талентирано момче, а подоцна блесна во дресот на Ливерпул со еден необичен број кој денес веројатно е желба на многу млади фудбалерчиња поради него.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зад неговиот број стои начинот на работење на луѓето задолжени за дресовите во Ливерпул.

„Кога доаѓаат момци од академијата секогаш наша желба е да им дадеме висок број. Не сакаме да им даваме низок број за да не помислат дека веднаш успеале да стигнат до таков број, ме разбирате што сакам да кажам“.

„Им кажуваме: Ќе ти го дадеме тој број затоа што само што дојде тука. Денес кога ќе видите Трент како крева трофеи со бројот 66 можеби е чудно, но тој е среќен со истиот. Никогаш не побарал да го смени, сигурно веќе е поврзан со тој број“, објасни Ли Редклајф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…