Хаким Зијех не е задоволен од својот статус во Челзи и ќе побара трансфер во јануари, пренесуваат медиумите на Островот.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Зијех минатото лето пристигна во Челзи како големо засилување од Ајакс, но не се снајде во Премиер лигата, па Томас Тухел не смета сериозно на него.




Таквата ситуација сакаат да ја искористи италијанскиот гигант Милан, кој покажа интерес за плејмејкерот и во летниот преоден рок.




27-годишниот плејмејкер е голема желба на „росонерите“ и веќе стапиле во контакт со неговиот агент. Милан сака да го донесе на позајмица со право на откуп.




Зијех сака да има поголема минутажа и во јануари ќе побара трансфер од раководството на Челзи.