Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан: Се надевав дека ќе го избегнеме Јувентус

Зидан: Се надевав дека ќе го избегнеме Јувентус

zidane

На вчерашната ждрепка од ¼ финалето во Лигата на шампионите топчињата сакаа да се сретнат старите познаници и минатогодишните финалисти Јувентус и Реал Мадрид.

Пред ждрепката стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри го истакна Реал како прв кандидат за трофејот, а сега и Зинедин Зидан признава дека сакал да го избегне италијанскиот тим во ¼ финалето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Шансите во овој дуел се 50/50, Јувентус е навистина силен тим го покажаа тоа и минатата сезона. Поминав важен дел од мојата кариера во тој тим и се надевав дека ќе ги избегнеме. Сепак, ждрепката така сакаше и ќе мораме повторно да се соочиме“, изјави Зидан.

Во минатогодишното финале Реал Мадрид го порази Јувентус со убедливи 4:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…