Дома Фудбал Зидан: Одиме на победа на „Енфилд“

Зидан: Одиме на победа на „Енфилд“

Реал Мадрид вечерва му гостува на Ливерпул во реванш четвртфиналето од ЛШ и има солидна предност од првиот меч (3:1).

Сепак, Зидан најави дека неговиот тим ќе игра без калкулации и дека оди по победа на „Енфилд“.

„Ова е една неверојатна сезона, но сите имаме проблем со густиот распоред. Ќе се бориме до крај и ќе дадеме максимум. Ги немам сите фудбалери на располагање, но најважно е да бидеме подготвени за борба. Нема да се штедиме на мечот и ќе одиме на триумф и во реваншот“, вели Зидан.

Азар и Лукас Васкез отпаднаа за овој меч поради повреда, а добрата вест е што Зидан ќе може да смета на Феде Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…