Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан пред утрешниот меч против ПСЖ во ЛШ изјави дека не размислува за иднината.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Зидан истакна дека неговиот тим одлично се припремил за овој меч и дека не постои посебен притисок во екипата.
„Задоволен сум што имаме можност да играме ваков тип на натпревари. Нема притисок. Се подготвивме добро во текот на неделата,како и секогаш. Нема потреба да демонстрирани ништо на никого. Иднината не ме интересира, истакна Зидан.
„Ова не е финале, туку двомеч од Лигата на шампиони. Утре ќе играат Реал Мадрид против ПСЖ, а не Нејмар против Роналдо. Кристиано достигна неверојатни висини, има пет Златни топки и не може да се споредуваат двајцата“.
„Мислам дека во овој елиминационен натпревар двата тима имаат подеднакви шанси, 50-50. И двата тима имаат основа да се надеваат дека ќе одат понатаму“, заклучи Зизу.