Дома Фудбал Зидан не размислува за раделба со Герет Бејл

Зидан не размислува за раделба со Герет Бејл

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не очекува Герет Бејл да го напушти „Сантиаго Бернабеу“ до крајот на преодниот рок.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На Островот денес се појавија информации дека Тотенхем сака да го врати Герет Бејл и ќе се обиде тоа да го направи до крајот на денот.

„Герет е со нас и воопшто не размислуваме за можноста тој да замине сега, ние сериозно сметаме на него“, изјави Зидан пред мечот со Атлетико.

„Сите мои играчи се подготвени, но нема да кажам кој ќе игра утре. Еден Азар тренира и влегува во ритам, но ние нема да ризикуваме, најверојатно нема да биде повикан за мечот со Атлетико“, истакна Зидан, кој на крајот го поддржа својот колега Диего Симеоне.

„Не ги разбирам критиките кон него. Знаеме каков тренер е Чоло. Тие велат дека Пеп Гвардиола е најдобар, но Симеоне е сигурно меѓу најдобрите и тој го докажа тоа“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо се сѐ повеќе поврзува со Реал – конечно го прекина молкот и ги коментираше шпекулациите

Жозе Мурињо ги негираше медиумските гласини кои го поврзуваат со враќање во Реал Мадрид. Н…