Дома Фудбал Зидан: Му се извинив на Себаљос

Зидан: Му се извинив на Себаљос

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан призна дека погрешил со одлуката да го пушти Себаљос само 30 секунди во игра на мечот со Леганес.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Францускиот стартег направи смена во 92-та минута при резултат 3:1 за „кралевите“.

„Се почуствував лошо поради тоа. Многу ми е жал. Му се извинив на Себаљос. Тој знае дека не добива многу минути, но работи напорно. Не заборавам дека во првиот дел од сезоната постигна два гола против Алавес“, изјави Зидан.

„Горд сум на мојот тим. Покажавме карактер и постигнавме 26 гола на последните 6 меча. Сакаме да продолжиме во таков ритам. Секогаш ќе ги заштитувам моите фудбалери“, додаде Зизу, а потоа одговори зошто Бејл повеќе не е стартер.

„Герет секогаш ќе биде важен фудбалер. Полека влегува во форма, а тој е еден од најценетите фудбалери во тимот. Важно ми е да биде здав и сакам да го видам 100% спремен“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фенербахче подготвува „пеколно“ лето – Веќе договорија спектакуларно засилување од 50 милиони евра!

Според информациите на француските медиуми, клубот од Истанбул постигнал договор со напаѓа…