Дома Фудбал Зидан: Меѓу Роналдо и Рамос се е решено!

Зидан: Меѓу Роналдо и Рамос се е решено!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан негираше дека има проблеми помеѓу капитенот Серхио Рамос и првата ѕвезда Кристиано Роналдо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред една недела медиумите пишуваа за нарушени односи помеѓу Рамос и Роналдо, откако двајцата искажаа различни мисење за кадровскиот потенцијал на тимот.

„Не знам колку години веќе се заедно во Мадрид. Тоа се две легенди кои освоиле голем број на трофеи заедно. Понекогаш се случува едниот да мисли едно, а другиот друго. Работите се „пеглаат“ внатре во соблекувалната и веќе е се решено. Нема проблем помеѓу Серхио и Кристиано“, изјави Зизу на пресконференцијата пред мечот со Атлетико.

„Тимот е во одлична состојба. Се уште имаме многу повредени фудбалери, но како тим сме добро. Знаеме колку е важен овој натпревар, но за мене тоа се обични три бода. Модриќ и Карвахал се спремни. Дани е спремен од пред извесно време, но решивме дека е подобро да остане да работи во Мадрид и да не оди со националниот тим“, додаде Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан го објави новиот напаѓач, кој доаѓа од ПСЖ за рекордна сума

Од Милан официјално го објавија ангажманот на напаѓачот Гонсало Рамош, кој пристигнува со …