Дома Фудбал Зидан за Винисиус: Сега не е е негово време, но нема да оди никаде!

Зидан за Винисиус: Сега не е е негово време, но нема да оди никаде!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан денес се појави пред новинарите во пресрет на мечот со Алавес од 15-то коло во Примера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Кралскиот“ клуб утре во 13 часот му гостува на Алавес и сака да ја продолжи серијата од добри игри. Медиумите ги интересираше статусот на Винисиус Јуниор, кој не добива многу минутажа оваа сезона.

„Винисиус нема да го напушти клубот. Имаме тим од 26 играчи, вистина е дека не играше многу во последно време, но ќе игра. Сега не е негово време, но би можело да биде наскоро“, истакна Зидан.

„Прооблем е што тука е уште еден играч – Родриго. Едноставно мора да биде спремен кога ќе добие шанса. На таа позиција го имаме и Азар. Винисиус тренира добро, исто како и претходната година, но сега имаме други фудбалери кои се во подобра форма“, објасни Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Момчето е измамник“: Клубот бара 150 милиони евра, а тој не испрати удар кон голот за време на СП!

Младата ѕвезда Јан Диоманде има разочарувачки настап на Светското првенство. Овој 19-годиш…