Реал Мадрид потешко од очекувањата ја победи Хуеска. Кралевите до триумф со резултат 3:2 стигнаа во последните моменти од натпреварот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На голот на Кралевите синоќа стоеше Лука Зидан, синот на тренерот Зинедин Зидан, односно третиот голман на екипата. Овој 21-годишен голман го одигра својот прв натпревар оваа сезона.
После натпреварот Зидан даде едноставно објаснување зошто на голот го стави својот син.
„Лука е трет голман. Тибо Куртоа е повреден, а Кејлор Навас се врати од репрезентацијата и му беше потребен одмор. Му дадов шанса на друг голман.“ – изјави Зизу.
Лука е член на Реал од својата шеста година, а во првиот тим е од 2018. година.