Дома Фудбал Зелено светло: Барселона се засилува пред стартот на вториот дел од сезоната

Зелено светло: Барселона се засилува пред стартот на вториот дел од сезоната

Нова добра вест за навивачите на Барселона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во исчекување на потписот на Филипе Кутињо, каталонскиот гигант ќе стане посилен за Осман Дембеле. Момчето кое се повреди кон средината на септември конечно закрепна и доби зелено светло да и се приклучи на екипата.

Пред повредата, Дембеле за Барселона одигра два натпревари, и не се запиша во листата на стрелците. Беше тоа во септември сериозен удар за Барселна, но екипата влезе во серија одлични резултати и сега се наоѓаат на лидерската позиција во Примера.

Сепак, очекувањата од Дембеле се и натаму големи, што и не би требало да зачудув, со оглед на тоа дека за него Каталонците платија 104 милиони евра.

Првиот меч во новата календарска година, Барса го игра в четврток, кога ќе гостува кај Селта Виго во рамки на Купот на Кралевите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Керик остана без голема желба: Бразилецот го одби Манчестер Јунајтед и потпиша тригодишен договор

Мајкл Керик сè уште официјално не започна да го составува тимот за новата сезона, а Манчес…