Дома Фудбал Германија Зе Роберто: Баерн со Кутињо направи голема работа

Зе Роберто: Баерн со Кутињо направи голема работа

Најголемото засилување на Баерн во летниот преоден рок, без дилеми, е бразилскиот фудбалер Фелипе Кутињо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Името на овој фудбалер претходните недели се поврзуваше со неколку клубови, а неговиот избор на крајот падна на Баерн во кој доаѓа на едногодишна позајмица од Барселона.

Баерн ќе има право и на откуп на договорот по завршувањето на позајмицата, а дека Баварците направиле голема работа со овој трансфер смета и Зе Роберто кој исто така во минатото настапуваше за минхенскиот тим.

„Завршена е голема работа со донесувањето на Кутињо“ – изјави Зе Роберто за сајтот на Бундеслигата, и додаде:

„Ова за него е шанса да ја врати формата од Ливерпул. Да дојде до тоа мора да добие слобода и да игра на омилената позиција на теренот, односно слобода да игра свој фудбал, да шутира од дистанца и да биде врска со напаѓачите. Само тогаш ќе биде силен, а клубот ќе има корист од тоа.“

Сумата за која Баерн може следното лето да го купи Кутињо изнесува 120 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

ФИФА во текот на Мундијалот ќе менува правило?

ФИФА ја разгледува можноста за измена на правилата за изведување на пенали, дури и на сред…