Германскиот тенисер, за кого многумина сметаат дека во иднина ќе стигне и до првото место на АТП листата, Александар Зверев, во три тај брејка го победи Роџер Федерер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Зверев славеше над Федерер, во првиот меч од пресметката помеѓу Германија и Швајцарија на Хопман купот во Перт, младиот Германец победи со 7:6, 6:7, 7:6.
Дуелот во Перт беше второ соочување на овие двајца тенисери, а Зверев води со 2:0 откако минатата година го победи славниот Швајцарец на турнирот во Хале.