Дома Фудбал Англија Заха ја отвори душата: Во Јунајтед поминував низ вистински пекол!

Заха ја отвори душата: Во Јунајтед поминував низ вистински пекол!

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и сегашна ѕвезда на Кристал Палас, Вилфрид Заха, изјави дека не успеал на „Олд Трафорд“ бидејќи не добил поддршка од раководството.

Заха пристигна на „Олд Трафорд“ кога имаше само 19 години, но не успеа да се наметне, беше испраќан на позајмица, а во 2014 година се пресели во Кристал Палас.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Имаше гласини зошто не играв за Јунајтед. Според нив, тоа се должи на фактот дека сум спиел со ќерката на Дејвид Мојс, кој тогаш беше мој тренер, а никој од клубот не се ангажира да ги негира овие лаги“, изјави 25-годишниот Заха.

„Затоа морав сам да се борам, иако знаев дека нема вистина во овие приказни. Требаше да се справам со тоа едвај на 19 години, да живеам сам во Манчестер, без да сум блиску до некој познаник, бидејќи клубот ми посочи каде да живеам“.

„Тие не ми дадоа автомобил како што направија за сите други играчи. Едноставно ништо. Живеев сам во овој пекол, далеку од своето семејство и си мислев: „Ако тоа не ме направи посилен, што би можело? Кога играв во Јунајтед, имав пари, но бев многу загрижен и депресивен. Луѓето мислат дека парите го менуваат радикално твојот живот, затоа што веќе имаш и слава, затоа престануваат да се однесуваат кон вас на ист начин“, искрен беше Заха.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…