Барселона не штедеше пари ова лето и донесе неколку големи засилувања на „Камп Ноу“, меѓутоа ниту еден од играчите кои пристигнаа летово сеуште нема постигнато гол за Каталонците.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Шпанскиот весник „АС“ пресмета дека шесте засилувања на Барса оваа сезона одиграле 1.983 минути без постигнат гол.
Имено, 90 минути одигра голманот Силесен на кого не му е работа да постигнува голови. Тука се и двајцата дефанзивци, Лукас Дигне и Самуел Умтити, од кои не се очекуваат баш многу голови, но нивните колеги од одбраната како Пике и Матије веќе имаат постигнато 4 голови.
Во редниот ред Андре Гомеш и Денис Суарез сеуште немаат дадено свој допринос со голови, а во нападот потфрли Пако Алкасер.
Јаспер Силесен (90 минути)
Самуел Умтити (431)
Лукас Дигне (408)
Андре Гомеш (417)
Денис Суарез (413)
Пако Алкасер (224)